Ѓорге Иванов, вчера одржа средба на која присуствуваа Претседателот на Владата на Република Македонија, г. Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Никола Груевски.
Тема на разговор беа актуелните случувања. Се разговараше за можни решенија за излез од актуелната состојба на напнатост во државата што предизвикува загриженост кај граѓаните. Целта на средбата беше да се поттикне помирување и нормализирање на политичките процеси во Република Македонија.
Присутните на средбата се согласија разговорите да продолжат и во иднина.