Денеска во Босна и Херцеговина се одбележуваат 28 години од геноцидот во Сребреница, кои го починија српските воени формации на генералот Ратко Младиќ. Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски на својот официјалне ФБ профил напиша дека се сеќаваме на најголемото воено злосторство на тлото на Европа по Втората светска војна.
“Денеска се сеќаваме на геноцидот во Сребреница како најголемо воено злосторство во Европа по Втората светска војна.
Масовната егзекуција на над осум илјади Бошњаци, мажи и деца, е колективен неуспех на целиот демократски свет, што не смееме никогаш да ја заборавиме.
Не може да има помирување сè додека се негира вистината и сè додека не бидат признаени страдањата и болките.
Почит кон жртвите и сочувства на нивните семејства.”