Почина академскиот сликар Владимир Георгиевски .
Негови изложби на слики, цртежи и релјефи имало во Скопје, Белград, Истанбул, Виена, Рим, Киев, Софија и Санкт Петербург.
Во текот на неговиот богат творечки опус, Георгиевски создал сценографски и костимографски решенија за преку 30 театарски претстави во Македонија и во земјите на поранешна Југославија.
Тој беше член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, а работеше и како професор на Архитектонскиот и Факултетот за драмски уметности во Скопје.