По тешко боледување, утрово почина проф. д-р Јовица Угриновски, на 77-годишна возраст.
Угриновски беше долгогодишен неврохирург, основач и претседател на Управниот одбор на „Неуромедика“, соопшти приватната здравствена установа „Неуромедика“.
Јовица Угриновски специјализирал неврохирургија во Скопје (1975), завршил три постдипломски курса по неврохирургија во Монпелје (1977), Манчестер (1978) и Братислава (1981), магистрирал (1978) и докторирал (1986).
По атентатот врз претседателот на Киро Глигоров, тој заедно со колеги изврши сложена операција за санирање на тешките повреди. Публикувал повеќе од 140 научни трудови и 6 книги.
Беше долгогодишен претседател на Федерацијата на планинарски спортови.