Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, денеска ќе биде во официјална посета на Република Словенија, заедно со министерот Николовски.
Во рамки на официјалната посета планирана е официјална церемонија на пречек со највисоки државни и воени почести, по што премиерот Ковачевски ќе има тет-а-тет средба со неговиот словенечки колега, Роберт Голоб. Како дел од официјалната посета предвидена е и билатерална средба на македонската и словенечката делегација.
Премиерот Ковачевски ќе ја заокружи официјалната посета на Словенија со средби со претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар, како и со вицепремиерката и министерка за надворешни и европски прашања на Република Словенија, Тања Фајон и со министерката за дигитализација, Емилија Стојменова Дух.