Приватните превозници денеска од 7:00 часот со повеќе од 30 автобуси протестираат со целосно блокирање во сите правци на крстосницата кај „Мавровка“, односно булеварот „Гоце Делчев“ и булеварот „Крсте Петков Мисирков“. Од приватниот градски автобуски превозник „Слобода превоз“ велат дека не е утврдено времетраењето на протестот бидејќи се планира да трае до исполнување на барањата.
Министерството за внатрешни работи информира дека ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот и апелира граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници