Денеска полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек за потрага, на ул.”МАНАПО” во Скопје, врз основа на издадена меѓународна потерница го приведоа С.Х. (44) од Боизенбург, Германија кој се барал за издржување на казна затвор од седум години и три месеци за сторени кривични дела измами и пирамидални шеми со измами, како и истрага за кривичните дела недозволена трговија со дрога и фалсификување.
При приведувањето, кај приведениот биле пронајдени 4 пасоши на германски државјани и други предмети, а кај него биле затекнати и две малолетнички (двете на возраст од 10 години), по кои германската полиција трагала како исчезнати лица. Една од малолетничките е ќерка на приведениот, а која од нејзината мајка била пријавена за исчезната во Германија.
По трите лица Интерпол трага од 22.02.2018 година, соопштуваат од МВР.
denesmagazin.mk