Прогласени победниците на “Skopje on Ice 2019”

Сподели

Изминатите два дена Скопје беше центар на уметничкото лизгање на Балканот. Третиот национален и меѓународен натпревар во уметничко лизгање „Skopje on Ice 2019“ го одбележаа голем број интересни и возбудливи настапи на 73 натпреварувачки од земјава и регионот.

Во интерпретативните категории доминираа лизгачките од Србија. Најдобри на мразот во СЦ „Борис Трајковски“ беа Милица Круниќ, Ана Радуловиќ и Анита Ковач. На државното првенство, кое се одржа во рамките на натпреварот, највисоко на пиедесталот се искачија Нина Стрезовска (сениорки), Јана Куковска (младинки) и Ангела Прилепчанска (јуниорки).

Skopje on Ice е во организација на Федерацијата на лизгачки спортови на Македонија. Целта на натпреварот е да се популаризира овој спорт во државата и да се поттикнат што е можно повеќе млади да се занимаваат со уметничко лизгање. Од федерацијата апелираат дека е неопходно да се создадат подобри услови за практикување на овој спорт пред сè преку изградба на затворено лизгалиште. Skopje od Ice 2019 беше поддржан од Агенцијата за млади и спорт, како и повеќе приватни компании.