Владата денеска ќе ја одржи редовната 75-та седница, на која согласно своите надлежности ќе разгледува повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.
Според предложениот дневен ред, на седницата ќе се разгледува Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градење.
Целта на предложените измени е, предвидување посебна постапка за поставување на фотонапонски електроцентрали на објекти од страна на потрошувачи-производители како и на категоризација на градбите за производство на електрична енергија од обновливи извори.
На седницата, меѓу другото, пред членовите на Владата ќе се најде и Извештајот за завршени преговори за склучување на Договор за соработка во областа на механизмите за обезбеденост со храна во Западен Балкан.