Русија реагираше на воената интервенција на САД во Сирија

Сподели

Гласноговорникот на кабинетот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, порча дека утринскиот напад на воената база на силите на режимот Башар ал-асад во Сирија е кршење на меѓународните права на суверена држава, јавува Anadolu Agency (AA).

„Тоа е кршење на меѓународното право на суверена држава. Нападот е изведен од вештачки причини”, рече Песков.

Според соопштението на Пентагон, воздухопловната база Шајрат гаѓана е со 59 проектили Томахавк утрово околу пет часот по локално време. Проектилите се лансирани од американските бродови во домет на базата. Пентагон наведе дека им е познато дека во базата се наоѓаат и руски војници и дека Русија во текот на денот била известена за нападот.

Претседателот на САД Доналд Трамп по ракетирањето на базата на Асад повика на поддршка на тој воен чекор.