Санкционирани 160 возачи на мотоцикли

Сподели

 

Во текот на вчерашниот ден спроведена е засилена акциска контрола на територијата на РС Македонија, за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 160 возачи.

Од нив, 112 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 31 возеле без возачка дозвола, а санкционирани се и други прекршоци.

МВР апелира сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.