Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 219 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 59 санкции, 70 мерки за прекршоци што ги прават пешаците, 11 санкции за возење без возачка дозвола.
Изречени се 10 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, шест санкции за возење под дејство на алкохол, 45 за непрописно паркирање.
Исто така, спроведена е и засилена акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. Притоа, санкционирани се 182 пешаци од кои, 162 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, 14 за минување на црвено светло… Од нив 70 на територија на СВР Скопје, 26 на територија на СВР Штип…
За време на контролата регистрирани се и 118 останати прекршоци.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано.