Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на државава, за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 731 возач.
Од нив 76 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 10 возилa се движелe со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 313 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 417 надвор од населено место.
МВР апелира сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.