Носителот на кандидатската листа на партијата Левица во ИЕ 5 Здравко Савески, кампањата за претстојните вонредни парламентарни избори ја почна од Битола.
Пред споменикот на народниот херој Стив Наумов, Савески рече дека кампањата на Левица ќе биде теренска со директни средби со граѓаните.
– Левица ја почнува борбата за враќање на демократијата и социјалната правда во Македонија. Македонија не е толку сиромашна земја за да има толкава сиромаштија. Нашата кампања ќе биде инвентивна, теренска, креативна бидејќи ние немаме пари за скапи кампањи, а немаме пари затоа што Левица не се продаде на ниту еден газда. Останатите бизнис партии се во рацете на крупниот капитал и од нив народот, обичниот човек не може ништо да очекува, рече Савески.