Секретаријатот за европски прашања објави Отворен повик до сите основни училишта на територијата на Република Македонија за учество во проектот „Отворени денови на СЕП за ученици од петто одделение”.
„Во годината кога прв пат во вашето образование наставната програма предвидува едукација за Европската Унија, Секретаријатот за европски прашања како институција задолжена за координација на процесот на пристапување на Македонија во ЕУ, во месец мај – месецот на Европа, од 2 – 4. мај, организира едукативен проект: „Отворени денови на СЕП за ученици од петто одделение” со кој ќе се обидеме одблиску да ги запознае со суштината и темелните вредности на Европската Унија“, се наведува во отворениот повик.
Училиштата интересот за посета на Секретаријатот за европски прашања и учеството во проектот „Отворени денови за ученици од петто одделение” треба да го пријават на адресата: Daniela.Gjorgievska@sep.gov.mk; или на телефон 070/409-618.