Силен земјотрес во Хрватска, епицентарот во близина на Петриње

Сподели

 

Силен земјотрес со интензитет од 6,3 степени по Рихтеровата скала ја погоди Хрватска, 15 минути по 12 часот напладне.

Според хрватските медиуми, епицентарот е на 45 км југоисточно од Загреб, во близина на Петриње, каде се јавува за материјални штети, a земјотресот бил почуствуван речиси во цела Хрватска.

Како што известува хрватската сеизмолошка служба се очекуваат поголеми материјални штети.

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ најави дека заминува во Петриње, а Владата објави дека се испратени сите расположливи ресурси во тој град.

Градоначалникот  Даринко Думбовиќ рече дека половина град е уништен и побара итна помош да биде испратена во Петриње.

Ова е трет по вчерашните два земјотреса што ја погодија Хрватска. Првиот со јачина од 5,0 степени според Рихтеровата скала се случи околу 6:30 часот, а подоцна околу 7:50 часот, земјата повторно се тресеше со интензитет од 4,9 степени.