„Статуафест“ 2020 го прикажа животот во време на корона

Сподели

 

Во Скопје се одржа четвртото издание на „Статуафест – Другото лице на улицата“ на кое оваа година темата беше пандемијата со корона вирусот, односно „Скопје во време на корона“.

“Целта на годинашниот фестивал беше преку уличните живи статуи да прераскажеме во вкочанета слика, каков беше, а и сè уште е животот од март па наваму и што точно му се случува на нашиот град и државата, па и светот воопшто. Поставката на фестивалот во кој сите артисти се идентични по однос на боја (што преносно, односно симболично означува душа – Tabula Rasa: сите сме исти под сонцето) да испратиме гласна порака преку молчаливата уметност – каков не сакаме да биде периодот кој следува, односно она што здравствените работници го нарекуваат втор бран”, соопшти организаторот.

На плоштадот и на просторот кон Порта Македонија, тие ја претставија енормната побарувачка по тоалет хартија, музичарите и угостителите кои останаа без работа, како и неможноста да се патува во странство.

Организатор е на фестивалот е „Театроск“, со поддршка од Град Скопје. Годинава фокусот беше на македонските артисти, без гости од странство поради пандемијата која ги принуди државите да ги затворат границите.