Стопанска комора спроведе вакцинален Мини-Шенген за земјите од Западен Балкан

Сподели

 

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, во својство на ко-претседател на регионалната иницијатива – Коморскиот инвестициски форум (КИФ), заедно со генералниот секретар на Форумот,  Д-р Тања Штерјова-Душкоска, вчера и денес, на дело спроведуваат вакцинален Мини-Шенген за земјите од Западен Балкан.

За два дена, викендов, ќе бидат вакцинирани вкупно 7.500 лица, сопственици и вработени во фирми од од бизнис секторот на  Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Србија и Албанија.

За Македонија се одвоени 1.650, колку и за Босна и Херцеговина, додека од Република Албанија, преку оваа акција, ќе се вакцинираат 1.500 бизнисмени.

Акцијата на терен, непосредно, ја координира Стопанската комора на Србија, заедно со Стопанската комора на Северна Македонија.

 

 

Од Комората соопштија дека во обезбедувањето на подобри услови за патување и побрзо стигнување на вакциналните пуктови, се вклучиле и Министерството за внатрешни работи, преку личен ангажман на министерот Оливер Спасовски.

Претходно, во Подгорица, Црна Гора, Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум (КИФ), одржа седница, на која е договорено, вакциналните пунктови во Србија, таму да ги организира Стопанската комора на Србија. Главно во Белград за останатите земји, додека за бизнис заедницата од Македонија, во НИШ.

Вакцините се обезбедени преку Коморскиот инвестициски форум (КИФ), кој делува од 2015 година, со седиште во Трст, под покровителство на германската канцеларка Ангела Меркел, а во рамките на Берлинскиот процес.

КИФ делува после Вториот самит на Процесот, во Виена, и претставува глас на приватниот сектор, застапувајќи 350.000 компании од подрачјето на Западен Балкан.

-Како една од трите институции на подрачјето на Западен Балкан, која се обидува да ја подигне размената и да ги елиминира бариерите во економската соработка помеѓу шесте земји од Балканот, ја организиравме оваа заедничка акција за имунизација на бизнисмени од регионот, која е во интерес на одржување на бизнисите и работните места, појаснува Бранко Азески,инаку, ко-претседател на Форумот.

Одобрена е квота од 10.000 вакцини, од кои, викендов ќе бидат  искористени 7. 500.

-Со ова што го направивме, ја потврдивмеа тезата дека бизнисот не признава граници и во секоја ситуација ја изразува својата кооперативност. Вакцинацијата се одвива во најголем ред и со пичитување на најстроги безбедносни критериуми. Ова е една од поголемите практичнаи активности во рамките на Берлинскиот процес, но  и прва од аспект на иницијативата на владите на Србија, Македонија и Албанија за регионално поврзување именувано како Мини – Шенген, додава Бранко Азески. 

Веле Митаноски