Американскиот Воен суд за 11 јануари 2021 година го закажа судењето за воени злосторства за дел од организаторите на нападите од 11 септември.
Судењето е закажано против пет лица кои се наоѓаат во затвор во американската воена база Гвантанамо на Куба, под обвинение дека ги планирале и подготвувале нападите на 11 септември во 2001 година во САД.
САД ја сомничат групата предводена од Пакистанецот Калид Шеих Мохамед за воени злосторства вклучувајќи и тероризам, киднапирање и убиство на околу 3000 луѓе.