“Светот е на праг на катастрофален морален пад со дистрибуцијата на вакцини против Ковид-19”, изјави денеска генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус. Тој ги повика државите и производителите поправедно да дистрибуираат вакцини низ целиот свет, пренесува МИА.
– “Не само што овој пристап – „прво јас“ ги загрозува најсиромашните и најранливите, тој е и самоуништувачки”, рече Тедрос на отворањето на годишниот состанок на Извршниот одбор на СЗО во Женева.
Како што истакна, на крајот, таквите постапки само ќе ја продолжат пандемијата.