ТЕЛ АВИВ: Арапите и Израелците протестираа заедно за рамноправност

Сподели

Арапите и Израелците оддржаа демонстрации во главниот град на Израел, Тел Авив, со барање за рамноправност за сите, јавува Anadolu Agency (AA).

Стотици Арапи и Израелци кои се собраа во Тел Авив, со барање за еднаквост го изразиија својот протест против израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и против политиката за рушење на палестинските домови.

Претседателот на листата на „Обединети Арапи“ во израелскиот Кнесет, Ејмен Авде заедно со арапските пратеници учествуваа во демонстрациите организирани од страна на групата „Евреите и Арапите Заедно“, на кои присуствуваа Израелци и Арапи кои ја одбиваат окупацијата и со бранење на мирот и еднаквоста се противат на расизмот.

Демонстрантите носеа транспаренти со паролите: „Рамноправност“, „Ние сме против фашизмот“, „Ако владата е против народот, и народот ќе биде против владата“, „Тие рушат, ние градиме“.

„Нетанјаху и тие околу него прават работи кои доведуваат до дискриминација меѓу нас. Ние сме тука за да понудиме алтернатива, за да бараме правда и еднаквост“ се вели во соопштението на групата „Евреите и Арапите заедно“ на нивната Фејсбук страница.

„Многумина од нас седат во своите домови со скрстени раце и очајуваат. Овие демонстрации се демонстрации за надеж; чекор за постигнување еднаквост меѓу сите што живеат во оваа земја“, беше потенцирано во соопштението, во кое се додава дека на Владата на Нетанјаху треба да ѝ се понуди некоја алтернатива.