Тестирањето на оксфордската вакцина покажува одлични резултати

Сподели

 

Првите резултати од тестирањето на вакцината против коронавирус, во чиј развој соработуваат Универзитетот Оксфорд и компанијата Астра Зенека, покажаа дека препаратот стимулира силна реакција на имунитетниот систем кај постарите лица.

Лондонскиот дневен весник „Фајненшл тајмс“ од веродостојни извори дознава дека истражувачите биле охрабрени откако се покажало дека новата вакцина предизвикува силен имунолошки одговор кај постари лица кои се особено чувствителни на тешкиот облик на Ковид-19 и имаат висок ризик од смрт.

Првите тестирања покажаа дека новата вакцина предизвикува силен имунолошки одговор кај населението на возраст од 18 до 55 години.

Компанијата АстраЗенека, која работи на вакцина против Ковид-19 со Оксфордскиот Универзитет, се смета дека е најблиску до успешното откривање на сигурна вакцина против коронавирусот.

МИА