Црвениот крст организира симулациска вежба во итна ситуација–земјотрес

Сподели

 

Пред точно 60 години Скопје се соочи со најголемата катастрофа во својата историја-разорен земјотрес. Токму во моментите кога на градот му беше најтешко, нашите волонтери и вработени покажаа најголема солидарност и сплотеност. Од тогаш нашата работа не престанува! Хуманоста и единството се главни принципи на дејствување на Црвениот крст! Постојано работиме кон зајакнување на нашите капацитети и засилување на подготвеноста при одговор во кризни состојби! 
 
Затоа, Црвениот крст на РС Македонија, на 18 октомври 2023 година во 11 часот, во Скопје, организира симулациска вежба во итна ситуација–земјотрес.
 
Вежбата се заснова на урбани операции за пребарување и спасување, одговор при катастрофа, инциденти и кампањи за лажни вести кои ќе влијаат врз цивилното население и критичната инфраструктура во зафатеното подрачје на град Скопје и околината. 
 
Покровител на вежбата е Претседателот на Република Северна Македонија, г-дин Стево Пендаровски, а ќе учествуваат институциите вклучени во Системот за кризен менаџмент во државата, домашни и странски тимови од Црвениот крст.