Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на седницата одржана во Истанбул усвои одлука со која се изразува сериозна загриженост за иднината на регионот на Охрид како резултат на големиот број инфраструктурни проекти кои биле предложени и заклучоците на проценката на влијанието што потврдува дека овие проекти веројатно ќе предизвикаат значителни потенцијални влијанија врз исклучителната универзална вредност на регионот на Охрид.
Покрај тоа, Комисијата бара од Владата на Република Македонија да ги покани World Heritage Centre/ICOMOS/IUCN на заедничка мисија на Реактивен мониторинг на имотот во 2016 година и ја нагласува можноста Охрид да биде вклучен на Листата на светското наследство во опасност, во 2017 година.
По оваа одлука на страницата отворена е петиција на www.change.org за заштита на едиствената локација во земјава под УНЕСКО.
– “Ние имаме право и должност да го заштитиме наследството и да го пренесеме на идните генерации, не само во Македонија, туку и на следните генерации во светот. Затоа ја започнавме оваа кампања, и бараме мораториум на овие деструктивни проекти и целосна имплементација на законот за управување со природното и културното наследство на Охрид”, се вели во петицијата.