УНГАРИЈА: НАЈТИРАЖНИОТ ОПОЗИЦИСКИ ВЕСНИК ПРЕСТАНА ДА СЕ ПЕЧАТИ

Сподели

ungar-vesnik

Најголемиот опозициски весник во Унгарија, „Непсабадсаг“ вчера престана да излегува од печат, а компанијата, која е сопственик на весникот соопшти дека причините се големи загуби и додаде дека одлуката е исклучиво комерцијална.

Прекинот на работата на весникот предизвика загриженост во врска со слободата на печатот во Унгарија, во која владее десничарската Влада на премиерот Виктор Орбан.

Компанијата Медијаворск, сопственик на весникот, кој го контролираат Австријци соопшти дека нема да се печати додека “не биде формулиран нов концепт на весникот“.

Социјалистичката опозиција меѓутоа наведе декка тоа е црн ден за печатот и повика на протести.

„Непсабадсаг“ е покренат пред 60 години и имаше најголем тираж во Унгарија, а често пати го критикуваше Орбан.