Унгарија поради мигрантите отвори нова воена база на границата со Србија

Сподели

Министерот за одбрана на Република Унгарија, Иштван Симицко, официјално отвори нова воена база на јужната граница со Србија, која е изградена за да се запре протокот на мигранти во земјата, јавува Anadolu Agency (AA).

Симицко рече дека воените трупи работат на одбрана на границите со цел стотици илјади луѓе да не маршираат низ земјата како во 2015 година.

Во новата база во Сантово, 220 километри јужно од Будимпешта, ќе бидат сместени 150 војници. Базата се состои од вкупно 90 контејнери со капацитет за четири лица.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан минатата недела изјави дека новата ограда по должината на границата со Србија, со опрема за следење, може да запре уште поголем број мигранти, така што во Австрија и Германија луѓето може да спиjат мирно, поради тоа што Унгарците ќе ги заштитат надворешните граници на ЕУ.

Унгарија ја изгради првата ограда со Србија и Хрватска на крајот од 2015 година, кога бегалската криза во Европа беше на врвот.