Францускиот премиер Мануел Валс на француското државно радио предупреди дека се можни нови терористички напади откако на 13 јуни беше убиен француски полицаец и неговата партнерка, која била службеничка во Министерството за внатрешни работи.
– Уште невини ќе ги изгубат животите. Многу е тешко да се кажат вакви работи. Разбирам ако некој ме обвини дека создавам дополнителен страв кај луѓето, но тој веќе постои по тоа што се случи на 13 јуни. За жал, тоа е реалност. Се бориме против стотина кои радикализирале – рече Валс.
Во Франција во тек е Европското фудбалско првенство кое го осигуруваат бројни специјални полициски сили.