Василичарски концерти во Националната опера и балет

Сподели

 

На 12 и на 13 јануари, со почеток во 20 часот, во Националната опера и балет традиционално ќе се одржат двата гала василичарски концерти. Трета година по ред ќе бидат изведени познати оперски арии, а ќе настапат: солистите, хорот, оркестарот и балетот на НОБ.

Ариите од Чајковски, Росини, Моцарт, Белини, Бизе и други композитори ќе ги испеат солистите на Операта: Весна Ѓиновска-Илкова, Сандра Митровска, Благица Поп-Томова, Наде Талевска, Николина Јаневска, Биљана Јосифов, Александар Стефаноски, Марјан Јованоски, Ристе Велков, Игор Дурловски и Владимир Саздовски.

Режисер е Дејан Прошев, концерт-мајстор Јане Бакевски, хор-мајстори се Ѓурѓица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска, а кореограф е Саша Ефтимова. Диригент на концертот е гостинот од Канада, Клод Лаплам.