ВМРО-ДПМНЕ да ги вратат платите и патните трошоци назад кај граѓаните

Сподели

 

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да ги вратат платите, парите за дневници и патни трошоци назад кај граѓаните. Тоа се над 55.000 евра месечно, соопштуваат од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ е единствената партија во светот што во време на најголема светска економска криза го блокира Собранието и спречува носење на важни закони.

ВМРО-ДПМНЕ е единствената партија во светот што самата се фали дека им нанесува штета на граѓаните преку блокирањето законски решенија.

По нарачка на Никола Груевски и по диктат на Христијан Мицкоски пратениците од ВМРО-ДПМНЕ вчера потрошија илјадници евра народни пари за да пропадне уште еден работен ден на Собранието, се вели во соопштението на СДСМ.