Во Германија за еден ден регистрирани 19.900 новозаболени од Ковид-19

Сподели

 

Во Германија потврдени се речиси 20.000 новизаболени лица со Ковид-19, со што вкупниот број на инфицирани се искачи на 597.583 луѓе,соопшти германскиот Институт Роберт Кох.

Во изминатите 24 часа регистрирани се 19.990 новоинфицирани лица, што е најголем број од почетокот на епидемијата. Бројот на смртни случаи во изминато деноноќие се зголеми за 118 и изнесува 10.930.

Во Германија од понеделникот во сила е делумно затворање, а министерот за здравство Јенс Шпан апелира до граѓаните да се подготват за тешки времиња.

Во цела Германија затворени се угостителските објекти, културните институции и забранети се сите облици на собири.