ПС БУСАН (PC Busan) на програма на Кинотека во НОЕМВРИ
Краток филм, Македонија
2019, 12 мин., колор, ХД-видео
Режија: Саша Станишиќ (Sasha Stanishikj) Sasa Stanisic
Сценарио: Саша Станишиќ (Sasha Stanishikj)
Улоги: Ким Мин Ву, Парк Хо Чен, Џеонг Џи Јанг (Kim Min Woo, Park Ho Chen, Jeong Ji Young)
14 НОЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК) 18:00 ч.
15 НОЕМВРИ (ВТОРНИК) 18:00 ч.
16 НОЕМВРИ (СРЕДА) 18:00 ч.
28 НОЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК) 20:00 ч.
29 НОЕМВРИ (ВТОРНИК) 20:00 ч.
ПС БУСАН
(PC Busan)
Станува збор за филм во јужнокорејска продукција којшто Станишиќ го направи за време на неговиот тринеделен резиденцијален престој во Бусан во 2019 година.
Главен лик во приказната е Гу, 40-годишен самец кој работи 60 часа неделно, а еднаш во неколку месеци има слободен ден во кој конечно може да биде она што сака да биде. Филмот ПС БУСАН се обидува да одговори на прашањето што значи да се живее во голема и раздвижена азиска метропола како што е Бусан, каде новата технологија и старата традиција коегзистираат рамо до рамо.
Во филмот Станишиќ на интересен начин покажува и уште еден виртуелен Бусан каде неговите жители можат да побегнат од реалниот живот и да бидат тоа што сакаат. Филмот е сниман на корејски јазик со целосно корејска екипа, додека, пак, директор на фотографија е Чои Вонук, монтажата е на Ли Дон Мин, музиката е на Васана, а главните улоги ги толкуваат Ким Мин Ву, Парк Хо Чен, Џеонг Џи Јанг.