Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 18 пациенти, а се лекуваaт 355 болни

Сподели

 

 
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 18 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 355 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
 
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 10 приеми и тоа  по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за Гастроентерохепатологија, на Клиниката за дерматологија, на Институтот за ТБЦ и на Клиниката за нефрологија. На Клиниката за Неврологија биле примени двајца пациенти, исто толку и  на  Клиниката за уво нос и грло и на Очната клиника.
 
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало   6 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 2 во текот на вчерашниот ден.
 
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 20 оздравени пациенти.
 
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 16 пациенти, на Клиниката за неврологија 27 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 27 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 20 пациент, на
Клиниката за очни болести 4 пациенти, а на ОРЛ 16 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 20 пациенти.
 
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 99 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 94 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 32 пациенти.
 
Вкупно 355 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
 
Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 98 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
 
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.