Во Ница уапсени тинејџерки поврзани со ИД

Сподели

francuska-policija12

Две тинејџерки од Ница се уапсени кон средината на месецот поради сомнение дека се поврзани со припадникот на Исламска држава, Рачид Кашим, соопшти денеска Канцеларијата на париското обвинителство.

Уапсените, кои се на возраст од 17 и 19 години, користеле кодирани пораки преку апликацијата „Телеграм“ за комуникација со Кашим, кој е осомничен за повеќе напади или обиди за напади во Франција.

Како што соопшти полицијата, девојките биле поттикнувани да го одмаздат убиството на портпаролот на ИД, Абу Мухамед ал Аднан, извршувајќи напади врз одредени цели. Уапсените признале дека размислувале да учествуваат во напад пред да ја отфрлат идејата.

meta.mk