Во Париз уапсено 16-годишно момче поради планирање терористички напад

Сподели

Француски официјален претставник за безбедност изјави дека тинејџерот бил уапсен во саботата, откако разузнавачката служба ја открила заканата

thumbs_b_c_152d3a9ac65f5b7539ae0cdcaab8f1c1

ПАРИЗ (АА) – Француските власти уапсија 16-годишно момче од Париз, кое е осомничено за планирање терористички напад, пренесува Anadolu Agency (AA).

Француски официјален претставник за безбедност изјави дека тинејџерот бил уапсен во саботата, откако разузнавачката служба ја открила заканата.

Тој додаде дека апсењето не е поврзано со лишувањето од слобода на четирите жени и мажи коишто исто така планираа напади.

Неименуваниот официјален претсваник додава дека 16-годишното момче веќе бил во домашен притвор откако била прогласена вонредна состојба во земјата, при што десетици луѓе беа под посебно набљудување.

Францускиот премиер Мануел Валс изјави дека околу 15.000 луѓе во нивната земја се следат поради радикализирање.