ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – 0Времето во Македонија претпладне сончево, а попладне од запад облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Температурата ќе се движи од четири до 10 степени.

Во Скопје претпладне сончево, а попладне од запад облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Температурата ќе достигне до седум степени.

Нов влажен бран со обилни врнежи од дожд ќе има од четврток до сабота. Најпрвин врнежите ќе бидат поинтензивни во западните делови, а од петок обилни врнежи се очекуваат речиси насекаде. Снег ќе има само на планините повисоки од 2000м.н.в. Во сабота врнежите ќе бидат проследени и со грмежи. Од целиот влажен бран се очекува на повеќе места да наврнат над 50 л/м2, а во крајните западни делови локално и над 100л/м2 дожд. Во четврток и во сабота на места ќе дува засилен јужен ветер.