ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

Нестабилно  време во моментов има во северниот дел од Македонија. Скопското подрачје е зафатено со пороен дожд и грмежи.

Локална нестабилност ќе има и во другите делови на земјава, информираат утрово од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во попладневните часови  се очекува постепено стабилизирање на временската состојба.

Во текот на утрешниот ден не очекува преодна стабилизација на времето со температура до 28 степени, но без врнежи од дожд.

Од вторник температурите ќе бидат во постојан пораст. Така во вториот ден од новата седмица температурата ќе се искачи до 32 степен, а во сабота истата ќе се движи од 19-37 степени. Во текот на целата седмица времето ќе биде стабилно и сончево.