ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Денеска времето ќе биде облачно со врнежи од дожд кои на места ќе бидат поројни, особено во западните и југоисточните делови каде се очекува да наврнат над 25 л/м2. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер, најизразен вдолж Повардарието и во источните делови.
Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 степени.

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Облачно со врнежи од дожд, повремено со умерен интензитет. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Т = 10 °C, P = 973 Pa, U = 92 %, V = 4 m/s. (Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер).