ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне особено во планинските подрачја на северозапад и североисток ќе има услови за слаб краткотраен дожд. Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 31 степен. УВ=7.

 

 

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. T= 29 °C, P= 979 hPa, U= 34 %, V= 6 m/s.
(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер).

Температурата ќе се движи од 6 до 31 степени. Во наредните денови температурите ќе бидат во постепен пораст.