МАКЕДОНИЈА – Наутро ведро и многу студено, преку денот сончево со слаб северен ветер.
Најстудено утрово е во Берово и во Маврово со -13 степени. На Попова Шапка се измерени -12, во Крива Паланка -11, Скопје и Битола -10, во Штип, Куманово, Демир Капија, Дебар и Крушево -9, во Тетово, Прилеп и Струмица -8, Охрид -7, Гевгелија -5 и Дојран -4.
Највисока снежна покривка има на Попова Шапка 43 сантиметри, во Маврово е 38, а во Крушево осум, информира УХМР.
Температурата ќе се движи од -13 до 8 степени.