Американската фирма “Starwood” потпиша договор со хотелот “Quinta Avenida” кој има 186 соби, сместен во населбата Мирамар, во Хавана, главниот град на Куба. Со потпишаниот договор, хотелот го добива логото „Four Points by Sheraton”.
ХАВАНА (АА) – Во насока на нормализирање на односите, властите на Хавана и Вашингтон, од 2014 година досега остваруваат различна соработка, но првпат по шеесет години еден хотел во Куба да биде управуван од страна на американска фирма, јавуваAnadolu Agency(AA).
Американската фирма “Starwood” потпиша договор со хотелот “Quinta Avenida” кој има 186 соби, сместен во населбата Мирамар, во Хавана, главниот град на Куба. Со потпишаниот договор, хотелот го добива логото „Four Points by Sheraton”.
“Starwood” соопшти дека хотелот “Quinta Avenida”, кој е во сопственост на кубанската војска и се наоѓа во близина на брегот на Карипското Море, ќе биде реновиран во следните неколку месеци, по што ќе биде пуштен во употреба.
“Starwood” ќе биде првата американска фирма која ќе направи голема инвестиција во Куба по кубанската револуција од 1-ви јануари 1959 година под водство на Фидел Кастро.
Овој месец шест авиокомпании добија дозвола за летови кон Куба од страна на министерството за транспорт на САД, за од есен 2016 година.
САД и Куба во декември 2014 година соопштија дека започнале заеднички процес за нормализирање на односите.