Премиерот Зоран Заев денеска побара политичка и професионална одговорност од функционерите по вчерашните укажувања од Антикорупциската комисија за влијание на непотизам при одредени вработувања, до 5. мај кога завршуваат претседателските избори, и има законска забрана за разрешување и именување.
“-Барам повлекување и директно, како претседател на Владата, давам наредба до владините институции на лицата кои се вработени на тој начин веднаш да им се прекинат работните односи и да се повлечат назад. Барам професионална и политичка одговорност од сите нив”, рече Заев.
„Конечно имаме систем што функционира. Антикорупциска покажа дека е систем и таму имаме конкретни коментари кај што има непотизам и кај што нема непотизам. Давам наредба како претседател на Влада до владините институции на лицата што се вработени на тој начин веднаш да им се прекинат работните односи и да се повлечат назад и барам професионална и политичка одговорност од сите нив“, изјави Заев.