Заев: ЛГБТ заедницата ја има мојата голема почит – зборот “педер” го употребив како карактерна особина

Сподели

 

Премиерот Зоран Заев вели дека зборот „педер“ го употребил за да даде карактерна особина, а не да означи сексуална припадност, откако претходно денеска кажа дека нема да дозволи „неколку криминалци, еден суетен новинар и еден педер“ да ја симнат оваа влада од власт, одговарајќи на новинарско прашање дали знаел за рекетот на Бојан Јовановски – Боки 13.

„ЛГТБТИ заедницата ја има мојата голема почит. Затоа, пред да го употребам зборот „педер“ упатив извинување. Тој збор го употребив за да дадам карактерна особина, а не да означам сексуална припадност. Извинување за ЛГТБТИ луѓето. Ќе се борам за нивните права, како и досега“, напиша на твитер премиерот Заев.