Заев поднесе оставка како претседател на СДСМ и од премиерското место!

Сподели

 

На пресконференција вечерва премиерот Зоран Заев и лидерот на СДСМ поднесе оставка.

Им честитам победа на нашите опоненти и јас ја понесувам одговорноста за нашиот пораз, поразот на СДСМ. И во вакви околности останувам на ставот дека не треба да има вонредни парламентарни избори, додаде лидерот на СДСМ.

„Горд сум што ја внесовме заедно земјата во НАТО. Лани добивме препорака за почеток на преговорите со ЕУ. Попис спроведовме. За нас прогресивните кои им се радувавме на овие успеси, за жал дојде политичка казна. Разочараност за мнозинството кое ги избра истите кои пред само четири години тргнаа да убиваат луѓе во парламентот. Се здружија жртви и насилници. Јас сум донел слобода и демократија, а демократијата подразбира поднесување одговорност“, кажа Заев.

Оставката ја поднесувам и како премиер и како претседател на СДСМ.

Ми беше чест да ви служам, изјави Зоран Заев.