Започнува вакцинација на лица со ретки болести и нивните родители и старатели

Сподели

 

Денеска започна вакцинација на лицата со ретки болести заведени во Националниот регистар за ретки болести. Се вакцинираат и родителите и старатели на малолетните лица од овој регистар кој има околу 60  различни дијанози на ретки болести.
 
Покрај овие лица ќе се вакцинираат и пациентите со Цистична Фиброза.
 
Во оваа категорија ќе се вакцинираат и родителите и старателите на малолетните лица со Цистична Фиброза. Вакцинацијата ќе се изведува во наредните неколку дена на вакциналните пунктови во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје.
 
Неделава завршува и вакцинацијата на околу 2000 пациентите кои се на дијализа, чекаат орган на листите за трансплантација, имаат трансплантиран орган или и самите се донори.