Заврши престрелката во Далас: Тројца уапсени, шест убиени и шест повредени

Сподели

dalas-pukanje

Едночасовната престрелка во Далас заврши со апсење на тројца од четворицата осомничени напаѓачи, додека последниот се самоубил, јавуваат американските медиуми.

Пукањето почна за време на протестот против полициската бруталност кон црнечката заедница, откако најмалку двајца снајперисти отвориле оган врз полицијата. Протестот доаѓа два дена откако полицијата уби двајца Афроамериканци во американските сојузни држави Минесота и Луизијана.

Според последните информации, пет полицајци загинаа, а шест се повредени во престрелката.

Локалните медиуми јавуваат дека еден од осомничените, кој за забарикадирал во паркинг-гаража, пред да се самоубие, преговарал со полицијата и открил дека во центарот на градот поставил бомба. Тој пред да се самоубие открил дека планирал да повреди и да убие што е можно повеќе полицајци.

 

Полицијата соопшти дека специјалните единици безбедно успеале да отстранат сомнителен пакет, за кој се претпоставува дека е бомба.

Еден од уапсените доброволно се предал, откако полицијата објави негова слика и побара од јавноста да помогне при неговото идентификување.

Претседателот на САД, Барак Обама, ги осуди нападите и истакна дека полициските убиства покажуваат дека Америка нужно мора да се соочи со појавата на расни предрасуди во полициските редови.

meta.mk

https://youtu.be/jHVwT2bkYtE