Вести Изјави Македонија Ударни вести

Жерновски: Европските лидери заедно со нашите граѓани

 

“Канцеларката Меркел, Претседателот Макрон и останатите 25 лидери не земјите членки од европското семејство, пред им одадоа признание на граѓаните на нашата земја за постигнатиот напредок, ја истакнаа посветеноста и визионерското лидерство на Владата и ги поздравија забележителните реформи.
Ова не е подарок, туку валоризација за нашата посветеност и потврда за постигнатиот успех на државата.
Во овие исклучително тешки околности за сите нас, за Европа, за целиот свет, исправени пред здравствениот предизвик и економските последици од него, лидерите на ЕУ одлучија да почнеме  преговори за членство во новното семејство.
Ова е победа над сите оние внатре и оние надвор, кои правеа се’ за да не успееме. Ова се историски мигови за нас и за нашата татковина. Март 2020 година ќе остане длабоко и засекогаш  врежан во меморијатата на македонскиот граѓанин. Поради сонот на многуте генерации пред нас, кој стана јаве-да биде нашата држава полноправна членка на НАТО и да биде пред портите на  ЕУ, но и поради вонредната состојба предизвикана од пандемија со глобални размери и битката за победа над истата.
Како што од Втората светска војна научивме корисни лекции, каде потребата од создавање на една унија во Европа е една од нив, така и од битката против корона вирусот ќе научиме нова лекција- дека наместо ИЗОЛАЦИЈА, неопходна ни е ИНТЕГРАЦИЈА,  за заеднички да ги совладаме предизвиците на новиот век. Се разбира, не само здравствените.
Затоа е многу важно да знаеме дека утре, кога повторно ќе го слушнеме детскиот џагор во градинките и училиштата, кога студентите ќе продолжат на своите факултети, кога пак ќе ги наполниме театрите и кината, кога рестораните ќе почнат одново да ги примат старите и нови гости и кога на синото небо повторно ќе летаат белите авиони, нашата држава ќе биде веќе членка на НАТО и посветен преговарач за членство во ЕУ.
Тоа значи само едно- напредок за државата, напредок во образованието и науката, значи поквалитетно здравството и постабилни економски текови, но и поефикасно судство.
Со еден збор, подобар живот за нашите граѓани.
ЧЕСТИТО, граѓани наши!” – напиша заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски.
Сподели: