Во среда (07.12. 2016) во Читалната на правниот факултет во Скопје ќе се одржи четвртата судска сесија на симболичкиот суд на правдата на граѓанското општество – Трибунус цивилис за обвинението „Злосторство врз јавните пари“
Оваа сесија на Трибунис Цивилис, е посветена на организираниот криминал поттикнат од лукративни мотиви, на системска и систематска корупција, која, се чини дека, и покрај повремента промена на властите во Македонија – таа останува тука, не се менува.
„Културата на корупција и на клиентелизам” тука сублимно е напластена во контигентните вредносни системи. Таквата култура е конзервиран сопатник на секоја Власт. Во Македонија, како да постои тенденциозна намера, впрочем, корупцијата и криминалот да се “нормализираат”, да се релативизираат.