Утре почнува второто прскање против комарци во Скопје

Сподели

 

Од утре, 17 мај до 20 мај, на подрачјето на градот Скопје ќе се врши терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци, информираат од Град Скопје.
 
Доколку временските услови се неповолни, терестричната дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни. 
 
Воедно, се повикуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.