ДС: МВР да ги открие сторителите на физичкиот напад врз новинарот Зоран Божиновски

Сподели

 

Демократскиот сојуз најостро го осудува  крвничкото претепување на сопственикот на порталот “БУРЕВЕНИК”, Зоран Божиновски. Сметаме дека ваквиот мафијашки начин на пресметка, сериозно го нарушува правниот поредок и сигурноста на новинарите и граѓаните, се наведува во денешното соопштение на ДС.

 Демократскиот сојуз инсистира на брза реакција од МВР и откривање на нарачатeлите и извршителите на овој насилничко – криминален акт. На Божиновски му посакуваме побрзо закрепнување.