„Вип АКВА ПАРК”, кој се наоѓа во комплексот на Спортскиот Центар Борис Трајковски, со огромно задоволство го најавува стартот на новата, четврта сезона која започнува на 11.06.2016 година.
Билет за „Вип АКВА ПАРК” ќе чини 300 денари, а ќе се нуди и фамилијарен пакет за четири лица за 1.000 денари. Влезница за деца под 13 години ќе чини 200 денари, а влезница за деца под 4 години е бесплатна.
За групни посети над 30 лица се добива попуст од 30%. „Вип АКВА ПАРК” ќе работи секој ден од 10 до 20 часот.
Капацитетот на „Вип АКВА ПАРК” е ограничен на 1.000 посетители, пред сè поради пропишаните нормативи за безбедноста и удобноста на посетителите. Во рамките на „Вип АКВА ПАРК” ќе работат и три кафулиња и еден ресторан.
Доколку сакате да добиете подетални информации за активностите и цените на билетите на Аква паркот можете да ја посетите официјалната веб страна на СЦ Борис Трајковски.
http://www.salaboristrajkovski.gov.mk/kapaciteti/akva-park
The post „Вип АКВА ПАРК“ во СЦ „Борис Трајковски“ – вистинското решение за претстојното лето! appeared first on Спорти.
Source: Sporty